Top Sport

Кјелини не е загрижен што нема договор: Одам во Торино, Алегри ќе ме чека

Џорџо Кјелини очекува да потпише нов договор со Јувентус, иако сегашниот договор му заврши на 30 јуни и тој официјално е слободен играч.

Капитенот на Јуве и на италијанската репрезентација воопшто не е загрижен за својата иднина, уверувајќи ги фановите дека следната недела се јавува на тренинзи со „бјанконерите“.

„Во понеделник ќе бидам во Торино, бидејќи тренерот Масимилијано Алегри ќе ме чека таму. Ќе бидам таму, иако добро би ми дошол годишен одмор. Сакам да ја завршам кариерата со освојување на нови трофеи“, вели Кјелини.

Ветеранот дојде во Јувентус во 2005 и веќе има фантастични 535 меча за клубот. Се очекува тој да добие двегодишен договор.

Scroll to Top