Top Sport

Кјелини по 18 години го напушта Јувентус

Јувентус би можел да остане без капитенот Џорџо Кјелини на крајот од сезоната. Договорот на легендарниот италијански стопер истекува, а засега нема индиции дека би можело да дојде до продолжување.

Италијанските медиуми откриваат дека Кјелини на крајот од кариерата би сакал да се испроба во МЛС лигата и дека сериозно ќе размисли за понудите кои ги добива од САД.

Кјелини е играч на Јувентус од 2004 година, а за клубот играше и во Серија Б, до освојување на девет последовни титули во италијанската лига.

Тој е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња, а за италијанската репрезентација одигра 116 натпревари и постигна осум гола. Со Италија го освои Европското првенство во 2021 година.

Scroll to Top