Top Sport

Кјелини: Роналдо е феномен, може да игра до својата 40-та година

Џорџо Кјелини, еден од ветераните на Јувентус, вели дека неговиот нов соиграч Кристијано Роналдо може да игра фудбал до својата 40-та година. Кјелини има 34 години, а Роналдо ќе наполни 34 пред крајот на сезоната.

Роналдо честопати се фали со својата врвна физичка подготвеност и тоа во години во кои многу фудбалери се во залезот на кариерата, а исто така има договор со Јуве до 2022 година. Кјелини вели дека и тој и Роналдо имаат уште што да покажат.

„Дали можеме да играме додека не наполниме 40 години? Да, иако јас не верувам дека ќе го направам тоа. Не се работи за тоа што тој повеќе тренира, туку за тоа како работи – секогаш те турка да бидеш подобар. Покрај тоа, тој е многу умен – дојде во друга лига и веднаш се обиде да ја научи динамиката на градот и на клубот“, вели Кјелини.

Scroll to Top