Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини признава дека е зачуден од начинот на кој неговиот нов тренер Маурицио Сари внимава на секој детаљ.
Сари го замени Масимилијано Алегри на клупата на италијанскиот шампион и првите впечатоци на 35-годишниот Кјелини се одлични.
„Најмногу ми предизвика внимание неговата посветеност на детаљите, на работите кои ги направи. Секогаш бара перфекција и мислам дека тоа е мојот пв впечаток за него“, изјави Кјелини.
„Бјанконерите“ немаа најдобри летни подготовки со порази од Тотенхем и Атлетико Мадрид и победа на пенали над Интер.
„Уште сме во период на тренирање, се обидуваме да го најдеме тоа што го посакува тренерот. Исто така, имаме и некои нови фудбалери, кои мораат да се навикнат. Имаме уште 10 дена, по што мораме да работиме сериозно. Ќе влеземе во друга брзина“, вели Кјелини.