Top Sport

Кјер го предупреди Ливерпул: Милан не дојдоа на туристичка посета

Централниот бек на Милан, Симон Кјер вели дека „росонерите“ на „Енфилд“ ќе се докажуваат против Ливерпул во враќањето на Милан во Лигата на шампионите по седум години пауза.

Данецот смета дека Милан се во европската елита заслужено и дека се сосема подготвени за борба.

„Имаме долг пат пред нас, но се наоѓаме на добра позиција и треба да ја покажеме нашата подготовка. Играш фудбал за вакви мечеви. Малкумина веруваат дека можеме да отидеме на ‘Енфилд’ и да играме за победа, но нашиот менталитет не дозволува поинаков став. Со целосна почит, играме како било кој друг тим. Ќе биде тешко, но знам дека тренерот сака да играме со срце за Милан. Во Ливерпул не дојдовме на одмор“, вели Данецот.

Scroll to Top