Top Sport

Ќиро остана Ќиро – му ѕвонеше телефонот па пцуеше во ТВ-интервју (видео)

Поранешниот хрватски селектор, легендарниот Мирослав Ќиро Блажевиќ предизвика мала бура во Хрватска, откако по дербито Хајдук-Динамо беше повикан во живо да коментира за телевизијата „РТЛ“.

Откако ги пофали учесниците на дербито, на Ќиро почна да му ѕвони мобилниот телефон, нешто што посебно го изнервира, по што опцу неколку пати порачувајќи дека ќе го исклучи.

По интервјуто, репортерот Марко Варгек мораше да се извинува на гледачите.

Scroll to Top