Top Sport

Ќиро со порака до Србите: Мамето ваше, можевте мене да ме викнете

Славниот поранешен хрватски селектор, Мирослав Ќиро Блажевиќ без влакно на јазикот им порача на Србите дека направиле катастрофална грешка што не го повикале него да им биде селектор на Мундијалот.

Блажевиќ, кој ја однесе Хрватска до третото место во 1998 година, останува на мислењето дека најголемата грешка била смената на Славољуб Муслин, откако тој ги квалификуваше за Русија.

„Па пи.ка ви материна, имавте прилика мене да ме ставите селектор! Со концентрацијата на квалитет и потенцијалот кој го имаат во репрезентацијата на Србија, јас би го направил тоа што сега го прави Хрватска. Бидејќи сум во пензија, можам тоа слободно да го кажам и да ја додадам славната реченица на Наполеон: ’Подобро чета глувци со лав на чело, откако чета лавови со глушец на чело’. Ќе ви за.бев сè да станев селектор“, вели Блажевиќ во интервју за српски „Курир“.

Тој очекува Хрватска да игра во финале во Русија.

„Едвај го гледав мечот со Данска, но сè е добро кога добро ќе се заврши. Сега очекувам да станеме прваци. Сигурен сум дека можеме до крај. Русите немаат квалитет да не сопрат, а во финале нека играме со Бразил. И нив ќе ги фрлиме на колена“, додава Блажевиќ.

Scroll to Top