Top Sport

Кјуел: Ливерпул не згрешија со мене

Хери Кјуел ги поддржа зборовите на својот поранешен тренер Жерар Улие дека за Ливерпул не било потребно да се потпише договор со Кристијано Роналдо во 2003, бидејќи тогаш во тимот бил токму Кјуел.

Ливерпул пропушти шанса да потпише со португалската ѕвезда кога тој имаше 18 години, и тој замина во Манчестер јунајтед за 12 милиони фунти и со нив освои три титули во Премиерлигата и една од ЛШ. „Црвените“ тогаш немаа пари во буџетот за Роналдо, бидејќи веќе потпишаа со француските фудбалери, Антони ле Талек и Флорен Синапа-Понгол.

Австралиецот Кјуел дојде на „Енфилд“ за само 5 милиони фунти од Лидс, но се мачеше со формата и со повредите во пет сезони во Ливерпул.

„Не знам што да кажам за Роналдо. Кога потпишав за Ливерпул, јас бев број 1 во таа година, така што менаџерот беше во право. Да, од сегашна перспектива е лесно да се зборува, но многу големи фудбалери отидоа на друго место. Раул на пример. Атлетико Мадрид не му дадоа договор и каде заврши тој?“, изјави Кјуел.

Да се потсетиме каков напаѓач беше Австралиецот.

Scroll to Top