Top Sport

Класата е вечна! Супер-асистенција на Златан во Приштина

Камбекот на Златан Ибрахимовиќ во шведската репрезентација го направи своето, откако ветеранот во втор меч едноподруго за „трите круни“ асистираше за гол!

На „Фадиљ Вокри“ во Приштина, Златан му асистираше на Виктор Класен во 13. минута на необичен начин за да донесе 0:1 водство на Швеѓаните. Во првиот меч по подолгата репрезентативна пауза, фудбалерот на Милан исто така имаше асистенција за 1:0 победа над Грузија.

Scroll to Top