Top Sport

Класниќ: Останав без ниту едно влакно на телото!

Поранешниот хрватски фудбалер, Иван Класниќ вчера го прослави својот 40-ти роденден. Тој имаше трансплантација на бубрег, по што активн се врати на спортскиот живот, но ненадејно го спопаднаа нови проблеми. Доби вирусна болест од која остана без косата.

За хрвaтски „24 часа“ Класниќ раскажа за што се работи.

„Тој вирус ми го нападна коренот на косата. Велат дека сега имам коса како новороденче, ниту на лекарите не им е јасно зошто дошло до тоа. Тоа нема никаква врска со бубрегот, верувам дека косата повторно ќе ми порасне, останав без влакна по цело тело, како да сум се депилирал“ – рече Класниќ.

Во богатата фудбалска кариера, настапуваше за Сент Паулу, Вердер, нант, Болтон и Мајнц.

Од 2004 до 2011 година ги бранеше боите и на селекцијата на Хрватска.

Scroll to Top