Top Sport

Клаузулата дека Меси може бесплатно да замине е лага

Светските медиуми во петкот објавија дека Лионел Меси може да ја напушти Барселона без обсштетување доколку клубот биде исфрлен од шпанското првенство. По повод оваа информација се огласи и таткото на Меси, Хорхе кој откри некои детали од новиот договор кој двете страни го потпишаа во ноември минатата година.

„Многу работи изминатите денови можеа да се прочитаат околу договорот на мојот син и Барселона. Вистина е дека откупната клаузула изнесува 700 милиони евра, но не е вистина дека тој може да замине бесплатно. Клаузулата за која толку се пишува е измислена, таа воопшто не постои“, рекол Хорхе Меси, а пото адополнил дека сепак постои начин на кој Меси може да го напушти клубот без обесштетување.

„Постои договор Лео да остане во клубот се додека игра во врвно првенство. Доколку Каталонија стане независна тој ќе биде член на клубот се додека Барселона игра во една од петте најсилни лиги во Европа“.

Scroll to Top