Top Sport

Клаузулата истекува, Покетино може да бара нов клуб

Клаузулата која ја потпиша Маурицио Покетино кога во ноември минатата година го напушти Тотенхем истекува наредниот месец, кога ќе започне вистинскиот „лов“ на аргентинскиот тренер.

Аргетниецот од Тотенхем доби обесштетување до крајот на сезоната, односно доби сума од 12,5 милиони фунти. Во случај да најдеше работа ќе мораше да ги врати тие пари. Сега е јасно зошто заинтересираните клубови не трчаа по Покетино.

Аргетинецот изминатите неколку недели најчесто се поврзува со Њукасл, доколку овој клуб се најде во рацете на принцот Бин Салман. Премиерлигата се уште ја нема одобрено продажбата.

Scroll to Top