Кристијано Роналдо, доколку го одработи до крај четири годишниот договор со Јувентус, ќе заработи 120 милиони евра. Неговата годишна плата изнесува 30 милиони евра, а би можел да заработи уште пет милиони евра, доколку секоја сезона има просек од еден гол по натпревар.
Италијанските медиуми открија интересна клаузула во договорот на португалскиот напаѓач. Просек од гол по натпревар, во секоја од четирите сезони, ќе му обезбедат дополнителни пет милиони евра годишно.
Кристијано Роналдо, вчера против Сасуоло, го прекина постот во новиот клуб. Португалецот во четвртиот настап во Серија А ги постигна првите два гола за новиот тим.
Јувентус, вчера, го победи Сасуоло со 2:1 и го задржа максималниот ефект од почетокот на сезоната во италијанското првенство.