Денеска се одбележува 10-годишнината од трансферот на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид (за тогашни рекордни 80 милиони фунти), по што почна неверојатната несреќа со сите кои го носеле бројот 7 по нив.
„Седумката“ на Јунајтед во минатото ја носеле вистински легенди на клубот – Џорџ Бест, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Роналдо, но една деценија подоцна, збирот на фудбалери со овој број и бројот на нивните голови е разочарувачки.
По заминувањето на Роналдо, овој број го носеа Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез, кои заедно имаат постигнато 15 голови во Премиер лигата.
Овен дојде на слободен трансфер по заминувањето на Роналдо и остана на „Олд Трафорд“ три сезони, постигнувајќи 5 гола во лигата и 12 во други натпреварувања. Антонио Валенсија го замени со бројот 7, но го носеше само една сезона (во која постигна еден гол), пред да се врати на својот стар број 25.
Никој не го носеше дресот во сезоната 2013/14, во сезоната на Дејвид Мојс на клупата, пред Анхел ди Марија да ја добие честа по трансферот од Реал Мадрид. Тој постигна два гола во првите четири натпревар и трет гол во октомври, по што остана цела сезона без гол и веднаш замина во ПСЖ.
Следен беше Мемфис Депај, момчето кое го нарекуваа „новиот Кристијано Роналдо“ и во сезона и пол, тој имаше 2 лигашки голови и 7 вкупно, сите во првата сезона. По ова тој замина во Лион, каде што има одлична кариера.
Since Cristiano Ronaldo’s departure 10 years ago, Manchester United’s No. 7s have scored just 15 Premier League goals. pic.twitter.com/SIu4YUYzye
— ESPN FC (@ESPNFC) June 11, 2019
Последниот, секако е Алексис Санчез. Чилеанецот дојде со многу „помпа“ во Манчестер од Арсенал. Тој има 3 гола во Премиер лигата, уште два во другите натпреварувања и најверојатно ќе замине ова лето.
За споредба, Роналдо постигна 84 гола во Премиер лигата во 196 настапи, и беше рекордер со 31 гол во 2007/08.