Астон Вила минатата сезона во последните две кола избори опстанок, а Ливерпул супериорно ја освои титулата во Премиер лигата. На почетокот на оваа сезона Астон Вила го декласира шампионот со 7:2. Поразот во Бирмингем е еден од најтешките во историјата на Ливерпул и најтежок во кариерата на Јирген Клоп.
„Не сум сигурен дека можам да ви објаснам што се случи. Можам само да ви кажам што видов. Гледав натпревар во кој Астон вила од не знам која причина ги искористи сите наши грешки. А ние грешевме многу. На крајот сѐ замина во погрешен правец“, рекол Клоп.
„Да се вратиме на првиот гол. Тој имаше големо влијание врз натпреварот, а не требаше да биде така. Можеме да кажеме дека Адрија згреши, но и во минатото сме примале такви голови. Можеби не исти такви, но сме примале такви голови. Реакцијата не беше добра. Останавме без нашата игра. Играта во последната третина не беше лоша иако не успевавме да погодиме. Вила играше на контри, а нашата одбрана беше под секое ниво и не успеавме да се издигнеме над тоа. Во првото полувреме и се држевме некако, во второто и по говорот на телот на играчите се виде дека нешто не е како што треба“.
„Имам 53 години, до сега сум видел сѐ во фудбалот. Астон Вила одиграа како што треба, а тоа се случи бидејќи ние бевме ужасни. Можеш да трчаш колку што сакаш, ние трчавме, но доколку не комуницираш не можеш да се браниш, а ние губевме топки во погрешни моменти. Лошо се браневме, но имавме и некои добри шанси, имаше и добар фудбал. Денес апсолутно сѐ направивме погрешно“, заклучил Клоп.