Ливерпул против ВБА загуби два важни бода во трката по новата титула во Премиерлигата, но го загуби и стоперот Џоел Матип. Камерунецот заработи повреда на препоните поради што веднаш мораше да го напушти теренот.
Резултатите на скенерот покажаа дека Матип го очекува пауза од најмалку 3 недели, па тој ќе го пропушти дербито со Јунајтед, како и мечевите против Саутемптон во ПЛ и Астон Вила во ФА купот.
Од порано е повреден Вирџил ван Дајк, но и Џо Гомез, па менаџерот Јирген Клоп моментно на располагање има само двајца од првата постава стопери – јуниорите Натаниел Филип и Риза Вилијамс на кои им помага играчот од средниот ред, Фабињо.