Top Sport

Клоп: Беше ужасно да се гледа Ливерпул

Јирген Клоп по 3:3 ремито на Ливерпул со Брајтон призна дека неговиот тим бил „ужасен да се гледа“ и признава дека „црвените“ се во криза по слабиот старт на сезоната.

Ливерпул се вратија во игра откако по само 18 минути губеа со 0:2 на „Енфилд“, пред Леандро Тросар на седум минути пред крајот на мечот да го комплетира хет-трикот и да освои поен за Брајтон во дебито на Роберто де Ѕерби на клупата на премиерлигашот.

„Ако го следите фудбалот, тогаш ќе се потсетите дека имаше мечеви каде што имавме предност од еден гол и тоа беа мечеви за срцев напад бидејќи не бевме убедливи. Ова беше таков меч. Само ќе кажам дека не бев 100 отсто сигурен дека нема да примиме гол кога водевме со 3:2. Не знам колку пати нивните напаѓачи се наоѓаа зад нашата линија, тоа беше навистина ужасно да се гледа. Ние сме под притисок, не го игнонираме тоа. Сакаме да сме далеку подобри“, вели Клоп.

Scroll to Top