Сензационален трансфер се подготвува на „Енфилд“ пренесуваат англиските медиуми. Според нив Јирген Клоп бил подготвен во Ливерпул да го врати Фелипе Кутињо.
Бразилецот пред 18 месеци го напушти Ливерпул за сума од 160 милиони евра и се пресели во Барселона. Тој на „Ноу Камп“ не ги исполни очекувањата, не прикажа ниту дел од она што го красеше додека беше играч на „црвените“.
Клоп од парите што ги доби за Кутињо ги донесе Ван Дајк и голманот Алисон Бекер, а резултат на тие вложување е титулата во Лигата на шампионите.
Германецот пред 18 месеци го советувал Кутињо дека не треба да оди во Барселона, но Бразилецот не го послушал. Сега тој бил подготвен да се врати, а клубот не би имал ништо против да го ангажира.
И навивачите биле на страната на Кутињо бидејќи тој неодамна изјавил дека од почит кон Ливерпул не би можел да игра во Манчестер Јунајтед или Челси, тимови што покажуваа интерес за него.
Покрај се ова и цената со која се шпекулира е прифатлива за Ливерпул. Наводно „црвените“ би можеле да го вратат Кутињо за „само“ 80 милиони евра.