Top Sport

Клоп: Да игравме како што треба, Нуњез ќе имаше најмалку 20 гола

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека неговиот нов напаѓач, Дарвин Нуњез ќе постигнел барем 20 гола доколку „црвените“ играле како што треба оваа сезона, иако призна дека очекува повеќе од напаѓачот од 100 милиони евра.

23-годишниот Уругваец има 15 гола во сите натпреварувања оваа сезона, но и само 1 гол во последните 11 меча, и Клоп очеува повеќе.

„Тој и така има 15 гола, замислете со добра сезона со 70 или 80 поени, сигурно ќе постигнеше најмалку 20 гола. Мо Салах во најдобрата сезона имаше 40 гола, но и пропуштени шанси. Тоа е нормално. И Ерлинг Халанд промашува. Тоа е фудбалот. Зборувавме со него, потребно е време да се адаптира, истото беше и кога беше во Бенфика. Ќе му помогнеме следнаата сезона“, вели Клоп.

Scroll to Top