Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, во пресрет на дуелот со Митјиланд, во Лигата на шампионите, рекол дека не го интересираат индивидуалните тренерски награди.
На прес-конференцијата, новинарите го известиле дека, ЕСПН, го избрал за тренер на годината. Потоа му било поставено прашањето дали мисли дека го заслужил признанието пред тренерот на Баерн Михен, Ханси Флик.
„Не ја заслужив наградата, но јас не гласав. Да бидам искрен, не верувам во индивидуалните тренерски награди“, рекол Клоп.
Ливерпул, утре, од 18.55 ќе игра против Митјиланд. Тимот на Клоп го обезбеди првото место во групата.