Top Sport

Клоп доби лоши вести за опоравувањето на Дијаз

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потври дека опоравувањето на колумбискиот напаѓач Луис Дијаз од повредата на коленото не оди најдобро, иако тој паузира од 9 октомври, кога се повреди на дербито со Арсенал.

„Црвените“ првично го очекуваа Дијаз по крајот на Светското првенство, но 25-годишниот Дијаз се појави на тренинзите на клубот на Блискиот Исток, но таму ја влоши повредата. Клоп потврди дека Дијаз почувствувал „нешто“ во коленото и дека не тренирал со тимот последните два дена.

„Момците кои се тука се добро физички подготвени, но не е добро што има проблеми со Лучо. Тој почувствува болки во коленото за кои се потребни дополнителни тестови“, изјави Клоп.

Дијаз пристигна на „Енфилд“ во јануари од Порто за 50 милиони фунти, постигнувајќи 10 гола во 23 меча за Ливерпул, вклучувајќи четири гола и три асистенции во 12 меча во 2022/23.

Scroll to Top