Top Sport

Клоп: Гајле ми е за критиките, мечот од Купот ќе го играме со деца и без мене

Менаџерот на Ливерпул, Германецот Јирген Клоп по ремито со третолигашот Шросбери (2-2) во четвртото коло од ФА Купот во Англија откри дека на повторената средба нема да ја изведе на терен првата екипа.

Клоп вели дека мечот кој треба да се игра на 4 идниот месец на „Енфилд“ за Ливерпул ќе го играат момчињата од У-23 тимот. Германскиот стратег објаснува дека бојкотот е поради убиственото темпо на играње во Англија.

„Им реков на момците пред 2 недели дека ќе бидат на зимска пауза, што значи дека нема да бидеме на тој меч, Ниту играчите, ниту јас. Знам дека таа постапка нема да најде на одобрување, но тоа е. Премиерлигата бараше од нас да ја почитуваме паузата, тоа и ќе го направиме“ – изјави менаџерот на „црвените“.

Потегот на Клоп наиде на бројни критики во Англија затоа што ФА Купот е светост за многумина.

„Гајле ми е за критиките. Не го правам ова за да војувам со сите. Единствената одговорност ја имам кон играчите. Ако попуштиме и го одиграме овој меч со првиот тим, ако го прекинеме одморот, тогаш зошто ни е одлуката за одмор“ – смета Клоп.

Scroll to Top