Јирген Клоп ги предупреди играчите на Ливерпул да не се „опуштаат“ пред домашниот меч со Ливерпул во ЛШ, и покрај тоа што во првиот меч ги победија со 7:0, потсетувајќи се на лекција од германската фудбалска историја.
Ливерпул пред две недели ја забележаа најголемата гостинска европска победа против словенечкиот шампион, но Клоп вели дека ќе биде задоволен и со 1:0 триумф на „Енфилд“, посочувајќи го како пример финалето од Светското првенство во 1954 година во кое Западна Германија ја победи Унгарија со 3:2.
Тоа беше прва германска светска титула и дојде како шок, откако губеа со 2:0 во финалето во Берн, Швајцарија, но и откако загубија со 8:3 од „моќните“ Унгарци, генерација која според многумина била најдоминантна во историјата на фудбалот, предводена од Ференц Пушкаш. Унгарците тој тим го нарекуваат „златниот тим“, додека Германците за мечот велат дека е „Чудото од Берн“.
„Јас сум Германец, така што добро ја знам приказната од 1954, кога ја освоивме титулата. Никој не го очекуваше тоа, но тоа е фудбалот. Таа лекција ја научив рано во животот. Секогаш сè е можно. Сега сме домашен тим, тука е публиката, но мораме да одиграме повторно добро. Натпреварот почнува со 0:0“, вели Клоп.