Top Sport

Клоп ги бара Алкантара и Осимхен

Јирген Клоп, тренерот на англискиот првак Ливерпул, во преодниот рок не планира да прави големи рокади во тимот. Клоп има исклучително добар тим кој со леснотија ја прегази конкуренцијата во Премиер лигата, поради што на челниците им предложил да му донесат двајца фудбалери.

Познато е дека Клоп веќе разговарал со Тијаго Алкантара. Шпанецот го напушта Баерн Минхен и самиот изразил желба да се пресели на „Енфилд“.

Проблем за реализицијата на трансферот е обесштетувањето, Ливерпул понудле 25 милиони евра, Баерн за својот фудбалер бара 15 милиони евра повеќе од она што го нудат „црвените“.

Втората желба е 21 годишниот Нигериец од Лил, Виктор Осимхен. Овој фудбалер долго време се поврзува со Наполи. Лил не се противат на продажбата но не за помала сума од 70 милиони евра.

Треба да се напомене дека Ливерпул во преодниот рок ќе го напуштат Адам Лалана, Џердан Шачири, Дејан Ловрен, Дивок Ориги.

Scroll to Top