Top Sport

Клоп ги подгреа шпекулациите за Боуен: Каков играч станал!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред дербито со Вест хем овој викенд го испофали Џерод Боуен, зголемувајќи и шпекулациите дека „црвените“ ќе тргнат по потписот на 25-годишниот фудбалер на „чеканите“ во летниот преоден рок.

Боуен има 8 гола и 10 асистенции од оваа сезона, покажувајќи неверојатен раст во својата игра и Германецот е импресиониран.

„Боуен, каков играч стана! Неверојатно. Го следевме додека играше во Хал и таму беше добар, но малкумина очекуваа толку голем скок во перформансите. Неверојатен играч. Но, тука се и Саид Бенрама, Пабло Форналс, Мајкл Антонио… Опасни се Вест хем, но и ние не сме лоши и ќе треба да го покажеме тоа. Претходниот меч не бевме најдобри мора да се поправиме“, вели Клоп.

Ливерпул загубија со 3:2 во првиот меч во Лондон во ноември.

Ливерпул сериозно заинтересирани за Боуен

Scroll to Top