Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше Мохамед Салах откако „Црвените“ не успеаја да го осигурат местото во Лигата на шампионите следната година.
По 1:0 поразот од Челси, значи дека Ливерпул мора да победи против Брајтон следната недела за да осигура место во топ 4 во Премиер лигата, а Салах доби жолт картон кратко по примањето на голот (преку Оливие Жиру) по дуел со Гери Кејхил. Германецот вели дека такво однесување нема да се толерира.
Towards the end of the first half, Salah was booked for a rather obvious dive, and rightly so. Gary Cahill didn’t seem too impressed. 1-0. #CFC pic.twitter.com/qdBYGq5NVp
— Chelsea GIFs (@ChelseaGIFs) May 6, 2018
„Тоа беше симулирање, или чекање на контакт. Не сум сигурен. Но, не сакам да гледам такви работи, не е нешто што и тој сака да го прави. Се случи“, вели Клоп.
Салах, кој на последниот меч ќе може да го израмни рекордот по бројот на голови во Премиер лигата (42), тој има 31, откако против својот поранешен тим немаше добра партија, мачејќи се со својот поранешен колега од Рома, Антонио Ридигер.
Сепак, најглавниот меч за Салах и Клоп доаѓа на 26 мај, кога во Киев ќе се судрат со Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампиони. Пред тоа, тие ќе бранат поен предност пред петопласираните Челси, а Тотенхем има само поен повеќе.
Фото: ЕПА