Првиот човек на Ливерпул, Јирген Клоп ги критикуваше газдите на Бурнемаут по отказот на менаџерот Скот Паркер, сметајќи дека поранешниот фудбалер на Челси бил „наместен“ за неуспех поради недостаток на летни трансфери, и ја искористи ситуацијата да ги критикува „државните газди“ на Манчестер сити и Њукасл.
Ливерпул го победија тимот на Паркер со 9:0 на „Енфилд“ во саботата во последниот меч за 41-годишниот Англичанец, кој денеска доби отказ. Паркер неколку пати јавно зборуваше за фрустрирачкиот пазар на играчи, иако Бурнемаут добија пет засилувања, инсистирајќи дека неговиот млад тим нема сили за предизвик во Премиерлигата.
„Кога слушнав за Скот денеска сфатив колку е важно во моментов да имате вистински сопственици на еден фудбалски клуб. Некои клубови се поседувани од држви, но другите имаат структура како ние во Ливерпул или Арсенал. И потоа доаѓаат три нови клубови во Премиерлигата – Нотингем трошат, Фулам трошат, но Бурнемаут не трошат многу, што не е лесно за тренер. Во првите четири меча ги имаа Арсенал, Манчестер сити и Ливерпул, тоа е местено за неуспех. Мислам дека Скот е одличен менаџер“, вели Клоп.