Top Sport

Клоп го испокара Шаќири по поразот од Челси (видео)

Ливерпул испадна од Карабао купот, откако Челси на „Енфилд“ успеа да се врати за 2:1 победа, а по мечот менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп имаше што да му каже на Џердан Шаќири.

ТВ снимките јасно покажуваат дека Клоп не е задоволен од швајцарскиот репрезентативец, а потоа откри што бил проблемот.

„Зборувавме за слободниот удар, за последниот удар. Сакавме Мохамед Салах да биде пошироко и да му ја подадеме топката кога сите беа во еден правец, каде што всушност отиде топката. Да можевме да го оставиме Мо во ситуација еден-на-еден во финишот ќе беше одлично. Тоа беше целата дискусија“, вели Клоп.

Scroll to Top