Top Sport

Клоп го покани 104-годишниот навивач на саботниот меч на Ливерпул

Најстариот навивач на Ливерпул, Бернард Шеридан на посебен начин ќе го прослави својот 104-ти роденден – со меч на Ливерпул против Кристал палас во сабота.

Шеридан, кој е роден во 1915 година, е навивач на славниот клуб од „Енфилд“ од 1923 година и оттогаш со клубот ги славеше 14-те титули англиски шампион, сите седум ФА купови и сите пет титули европски шампион.

Тој доби писмо од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој му го честиташе роденденот на 25 јануари со дрес (нормално, со број 104) и со покана за натпреварот.

„Ви благодарам на вашата долгогодишна поддршка и се надевам дека убаво ќе го прославите роденденот со вашето семејство. You’ll Never Walk Alone“, напиша Клоп во писмото.

Scroll to Top