Top Sport

Клоп го стави Брустер на трансфер-листата

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп на трансфер-листата го стави младиот напаѓач Рајан Брустер. Ливерпул за напаѓачот бара 10.000.000 евра.

Брустер од академијата на Челси на 14 годишна возраст се пресели во Ливерпул, три години подоцна го потпиша првиот професионален договор.

Откако одигра четири натпревари за првиот тим Ливерпул го испрати на позајмица во Свонси. Минатата сезона за Свонси во Чемпионшип дивизијата одигра 20 натпревари на кои постигна 10 голови.

Во подготвителниот период играше добро меѓутоа големата конкуренција во нападот го натера Клоп да го стави на трансфер-листата.

Интерес за Брустер покажале Астон Вила, Њукасл и Брајтон.

Scroll to Top