Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп го прогласил голот на Џеј Џеј Окоча постигнат во сезоната 1992/1993 за најдобар во историјата на Бундеслигата.
Еден од најдобрите африкански фудбалери во историјата, Нигериецот Окоча, во сезоната 1992/1993 играл за Ајнтрахт Франкфурт. Против Карлсруе тој постигна гол откако претходно ја издрибла целата одбрана на противничкиот тим и голманот Оливер Кан.
„Окоча го постигна најспектакуларниот гол во историјата на германскиот фудбал. Кан и неговата одбрана пет минути паѓаа по тревата пред да ја испрати топката во мрежата“, изјавил Клоп за „Гардијан“.
Клоп раскажал дека секогаш ги почитувал фдбалерите од Африка, актуелниот состав на Ливерпул тој има тројца играчи од „црниот континент“.
„Накои од најдобрите фудбалери во светот беа од Африка: Жорж Веа, Дидие Дрогба, Јаја Туре…о својата генерација имаа уште многу одлични фудбалери, зошто тогаш такви играчи да не играат и кај нас.“
Дресот на Ливерпул го носат Мохамед Салах од Египет, Садио Мане од Сенегал и Наби Кеита од Гвинеја.