Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека негоивот тим нема да се вклучи во трката за трансферот на Ерлинг Халанд. „Цената е премногу висока“, рекол Клоп.
Ерлинг Халанд, најверојатно ќе замине од Дортмунд по завршувањето на сезоната. Наводно имал излезна клаузула од 75.000.000 евра. Норвежанецот се поврзува со Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер сити.
„Цифрите кои се вртат се луди, не сакаме да имаме ништо со тоа. Искрено, не го сакам тоа, не е забавно“, рекол Клоп.
Според германските медиуми, целата операција која вклучува повеќе годишен договор за Халанд, изнесува околу 300.000.000 евра. Тука влегува оштетата, патата која би ја добил фудбалерот и провозиите кои ги бараат менаџерот Мино Рајола и таткото на Халанд.