Top Sport

Клоп и Ливерпул емотивно се простиjа од Мелвуд, домот на „црвените“ 70 години

Шампионите од Премиер лигата, Ливерпул објавија низа на фотографии од претпоследниот ден на работа на Јирген Клоп и неговите играчи во тренинг центарот во Мелвуд, пред преселбата во новоизградениот центар во Киркби.

Мелвуд е синоним за „црвените“ од 1950-тите години, каде што работеа големи фудбалски менаџери како Бил Шенкли и каде што поминаа таленти како Кевин Киган, Стивен Џерард и Џордан Хендерсон.

Фудбалерите на Ливерпул беа последен пат на подготовки во Мелвуд пред гостувањето во Манчестер за 1:1 ремито со Сити, пред денеска да се вратат во нивната база за да се збогуваат со Мелвуд.

„Среќен сум што ќе одиме во Киркби, но и многу тажен што си одиме од Мелвуд. Ќе ми недостасува, но така мора да биде. Беше многу важно место за клубот, но и за мојот живот“, изјави Клоп.

Scroll to Top