Преодниот рок во Англија заврши на 9.август. Клубовите повеќе не можат да купуваат играчи, но никој не ги спречува да продаваат или да позајмуваат на други екипи.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој заврши добра работа во преодниот рок со трансферите на Алисон Бекер, Џердан Шакири, Фабињо и Кеита, на седум мина им порачал дека во новата сезона нема да смета на нивните услуги.
Српскиот репрезентативец Марко Грујиќ, веројатно ќе му биде отстапен на некој клуб од Англија, а од клубот ќе заминат неговиот сонародник Лазар Марковиќ, потоа Белгијците Дивок Ориги и Симон Мињоле, Естонецот Рагнар Клаван, односно Педро Ширвела и Шеви Оџо.