Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не е изненаде од куповната моќ на Манчестер сити, и Челси ова лето, додавајќи дека за разлика од ривалите, неговиот клуб може да ги троши само парите кои ќе ги заработи, но е изненаден што Манчестер јунајтед потрошија многу пари.
Јунајтед и Сити потрошија над 100 милиони фунти, додека Челси се блиску со 98 милиони фунти досега, а Ливерпул го купија само дефанзивецот Ибрахима Конате.
„Во Ливерпул ни е дозволено да ги трошиме парите кои ќе ги заработиме и постојано го правевме тоа. Трошевме пред да заработиме на Конате. Никогаш не сум изненаден од финансиската моќ на Сити, Челси и ПСЖ . Тие клубови не зависат од работите како ние во Ливерпул. Тоа што го прават Јунајтед, не знам како го направија. Ние имаме наш начин. Но, мислам дека ако сте навивач на Ливерпул, треба да сте задоволни, бидејќи Алисон Бекер, Фабињо, Виргил ги продолжија договорите. Луѓето мислат дека ако не носите нови играчи, не работите. Но, не е така“, вели Клоп.