Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека „нема сомнеж“ дека Оле Гунар Солксјер ќе стане постојан менаџер на Манчестер јунајтед пред дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу двата стари ривали во недела.
Солксјер ги предводеше Јунајтед до 11 победи во 13 меча откако го смени Жозе Мурињо по 3:1 поразот од Ливерпул на „Енфилд“ во декември, и се веруваше дека Солскјер е само „втора опција“ доколку шефовите не успеат да го привлечат Маурисио Почетино од Тотенхем на клупата на „Олд Трафорд“. Клоп вели дека таа работа сега му припаѓа на Солксјер.
„Тоа е јасно! Солксјер заслужува да биде во Премиер лигата и на секого му е потребна малку среќа во оваа работа. Кога се преселив од Мајнц во Дортмунд, луѓето велеа дека немам доволно искуство. Да, тоа беше точно, но искуството не се купува, туку се добива. Доколку Оле не беше поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, немаше да се пресели од Норвешка во Англија. Тој покажа дека има сѐ што е потребно за оваа работа и напрви неколку умни одлуки. Поради некои мали работи не можете да дадете гол или ви даваат гол повеќе. Сега е на чело на Јунајтед и ќе биде и менаџер следната година. Нема сомнеж. Можете да замислите сега да кажат дека ќе донесат нов менаџер? Нема шанси“, вели Клоп.