Top Sport

Клоп: Јунајтед и ние не можевме да му гарантираме место во првиот тим

Манчестер Јунајтед се изложени на критики откако не успеаја да го реализираат трансферот на Ерлинг Халанд во зимскиот преоден рок. Чудото од дете како наредна станица во кариерата ја одбра Борусија Дортмунд. Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека Јунајтед не треба да бидат критикувани дека ниту тие, ниту пак неговиот клуб немале шанси да го донесат Халанд.

„Сите ги критикуваат Јунајтед што не го донесоа Халанд, но реално тие не можеа да го донесат, ниту на Ливерпул тоа немаше да му успее. Тој сакаше да се пресели во врвен тим кој ќе му гарантира место во првиот состав. Тој тим беше Борусија“, рекол Клоп и дополнил.

„Знаете колку ги сакам и почитувам луѓето во Борусија, но поради трансферот на Халанд не треба да ги креваме толку високо. Едноставно имаа место во првиот тим, имаа слободна деветка и му рекле: ‘Имаш 19 години, сакаш да играш во Лигата на шампионите и да се бориш за титулата во Бундеслигата? Во ред, еве ти дрес и ајде’. Тоа е целата мудрост и поради тоа ниту еден друг клуб не можеше да го донесе Халанд“.

Scroll to Top