Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп лично се сретнал со Набил Фекир за да го обезбеди трансферот од Лион за 61.5 милиони фунти, тврди францускиот „Канал плус“.
Напаѓачот на Лион беше поврзуван со трансфер на „Енфилд“ подолго време, и се верува дека Ливерпул се пред Челси во трката за потписот на францускиот интернационалец. Според „Канал плус“ на маса има договорено и трансфер на братот на Фекир, Јасин, кој игра во вториот тим на Лион.
„Слушнав за тие шпекулации, но засега јас сум во Лион. Имаме уште два натпревари до крајот на сезоната, и морам да се подготвам за нив. На крајот на сезоната ќе видиме. Лига на шампиони со Лион? Секако, тоа е мојата желба, бидејќи Лион е клубот на моето срце“, изјави Фекир во текот на викендот.
Фекир има постигнато 20 голови за Лион оваа сезона.
Фото: ЕПА