Top Sport

Клоп: Ливерпул не мора да троши многу на трансфери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува неговиот клуб да не троши многу пари овој преоден рок, бидејќи во тимот има доволно млади фудбалери кои сакаат да влезат во моќниот тим.

Новокрунисаните шампиони од Премиер лигата беа поврзувани со трансфер на Германецот Тимо Вернер од РБ Лајпциг, пред 24-годишниот напаѓач да се реши за Челси. Клоп признава дека трансфер-желбите се намалени поради финансиските проблеми поради корона вирусот.

„КОВИД-19 влијаеше на сите клубови, така што е нормално овој летен преоден рок да не биде највозбудливиот. Не можеме да трошиме милиони и милиони само бидејќи го сакаме тоа. Никогаш не сме го сакале тоа. Проблемот со силен тим е како да го засилиш силниот тим со трансфери. Мораш да бидеш креативен. Ќе се обидеме да најдеме внатрешни решенија, бидејќи имаме три-четири млади фудбалери кои се подготвени за првиот тим“, вели Клоп.

Scroll to Top