Top Sport

Клоп: Ливерпул нема да купува денеска

Јирген Клоп најави дека европските шампиони Ливерпул нема да трошат на последниот ден од преодниот рок во Англија по „тивкото“ лето, бидејќи нема да одговорат на трошењето на другите клубови со „импулсивно купување“.

Единствени засилувања на „Енфилд“ ова лето се тинејџерите Харви Елиот и Сеп ван ден Берг, како и голманот Адријан. Од друга страна, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем трошеа многу, додека шампионите Манчестер сити се засилија со Шпанецот Родри. Клоп вели дека не е нервозен.

„Никогаш не треба да барате трансфери бидејќи другите клубови прават трансфери. Тоа нема смисла. Ако го погледнете нашиот состав и го поставите прашањето дали ни се потребни нови фудбалери, одговорот ќе биде не. Да, некои ќе кажат потребна ни е замена за Садио Мане, за Мохамед Салах, но тие играчи веќе ги имаме. Големо засилување? Без доказ немаме ништо. Тоа што е ново за сите е возбудливо. Како кога ќе купите нов автомобил. Можеби вашиот стар автомобил е одличен, но сакате нешто ново, а по две недели ќе ви се расипе. Новите фудбалери никогаш не се единствено решение“, вели Клоп во интервју за „Скај спорт“.

Scroll to Top