Top Sport

Клоп: Манчестер јунајтед нема да згрешат и ќе не победат за четврто место

И покрај тоа што вчера Манчестер јунајтед загубија со 1:0 од Брајтон и дадоа надеж дека е можно Ливерпул да ги совлада за четвртото место во Премиерлигата, Јирген Клоп не верува дека е можен таков развој на настаните.

Јунајтед се на четвтото место на табелата со 63 поени од 33 меча, Њукасл се трети со 65 поени исто така од 33 меча, додека Ливерпул се петти со 59 поени од 34 меча.

„Ние имаме 59 поени, Јунајтед има 63. Тоа значи дека ние можеме максимум до 71, на Јунајтед им се потребни осум поени во пет меча од можни 15 поени. Сигурен сум дека ќе го направат тоа, да бидам искрен. Три победи и тоа е крај за нас“, вели Клоп.

Scroll to Top