Менацерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека не му пречат коментарите на колегата Жозе Мурињо од Манчестер јунајтед, дека по големите вложувања во тимот Ливерпул мора да ја освои Премиер лигата.
Ливерпул во овој преоден рок потроши повеќе од 170 милиони евра на четворица фудбалери: Алисон Бекер, Фабињо, Наби Кеита и Џердан Шакири.
Поторшените пари му дадоа за право на Мурињо да го испровоцира Клоп, на ист начин како што тоа го направи Германецот пред две години, кога Манчестер јунајтед го донесе Пол Погба за 105 милиони евра.
„Не можам да се сетам што точно кажав тогаш за Погба, но сакам да се знае дека никогаш не би говорел за Манчестер јунајтед доколку вие новинарите не ме прашавте. Се е во ред со коментарите на Жозе, во врска со нашите трансфери. Ги знам добро тие негови игри и тоа е ОК. Може да каже што сака, драго ми е поради него“, рекол Клоп.
Германскиот стратег дополнил дека големите вложувања не значат ништо доколку квалитетот не се покаже на теренот.