Top Sport

Клоп: На 3:1 веќе нема што да загубиш

Ливерпул, вечерва од 21 часот, ќе го пречека Реал Мадрид, во четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите. „Црвените“, реваншот ќе го започнат со минус од два гола. Првиот меч во Мадрид им припадна на фудбалерите на Реал со 3:1.

Ливерпул, во минатото биле во ваква ситуација, против Барселона надоместија минус од три гола. Слично сценарио, навивачите на Ливерпул, посакуваат да им и вечерва на „Енфилд“.

За разлика од историскиот меч со Барселона, Ливерпул вечерва нема да ја имаат поддршката од своите навивачи.

„Кога си поразен 3.1 во првиот меч, се делува како веќе да си испаднал. Тоа значи дека ништо не губиме, само ќе се обидеме да победиме. Пресврт не се прави само поради фактот дека еднаш веќе си успеал во тоа. Шанса добиваш само доколку играш добар фудбал. Големите пресврти не се случуваат секогаш, особено тоа тешко се случува кога нема навивачи. Самите мораме да ја креираме добрата атмосфера“, рекол менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот е свесен дека неговиот тим мора да постигне најмалку три гола.

„Не можеме да ја игнорираме одбраната на овој натпревар, ако го направиме тоа ќе бидеме казнети. Нема тим во светот кој ќе одигра меч против Реал, а притоа Реал да не створи ниту една шанса. Не победија нас, а потоа неколку дена подоцна ја победија и Барселона, јасно е дека се во добра форма. Ние мораме да се бориме како тим и да се браниме на врвно ниво. Само така можеме да дојдеме до некаква шанса“, рекол Германецот.

Победникот од овој натпревар, во полу-финалето ќе игра против Челси.

Scroll to Top