Top Sport

Клоп не го дава Фирмино: Тој е срцето и душата на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека Роберто Фирмино ќе остане во клубот и ова сезона и покрај интересот на Јувентус. Бразилецот, кој пристигна на „Енфилд“ од Хофенхајм во 2015 година, минатата сезона имаше помала улога во Ливерпул по пристигнувањето на Диого Жота и Луис Дијаз.

Покрај тоа, новото засилување Дарвин Нуњез ќе ја зголеми конкуренцијта во нападот, но Клоп инсистира дека нема заминување за 30-годишниот ветеран, кој е клучен за тимот.

„Боби е клучен за нас, тој е срцето и душата на тимот. Работите изгледаат добр и немам никаков проблем. За мене, нема сомнеж за неговиот квалитет и за неговата клучна улога за нас“, вели Клоп.

Scroll to Top