Top Sport

Клоп:  Не ја гледав Звезда, имав 23 и попаметни работи за правење (видео)

Ливерпул го пречекува поранешниот европски шампион Црвена звезда во среда во дуел на два тима кои можат да се пофалат со европските успеси, но тренерот на „црвените“, Јирген Клоп не се сеќава на времето кога Звезда ја освои европската титула.

„Црвените“ пет пати беа на врвот на Европа, Звезда еднаш, во 1991 година во Бари, меѓутоа српскиот клуб поради финансиската моќ на западна Европа е аутсајдер при гостувањето. Кога беше запрашан дали се сеќава на титулата на Звезда, Клоп, инаку поранешен фудбалер, беше искрен.

„Кога беше тоа? Во 1990? Значи тогаш сум имал 23 години и очигледно имав попаметни работи за правење од гледање на меч од Лигата на шампионите. Не се сеќавам на финалето, но знам дека тоа беше силен тим“, вели Клоп.

Фото: ЕПА

Scroll to Top