Ливерпул синоќа беа надиграни од Реал, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите. Реал забележаа победа од 3:1.
Ливерпул одиграа лош натпревар, особено во првиот дел, во кој не шутнаа кон голот на Реал, а во периодот од 27. до 36.минута примија два гола.
Разочаран од резултатот и веројатно од лошата тактика која ја подготвил, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, првата измена ја направи во 42.минута. Клоп го повлече од теренот Наби Кеита, а на неговото местов влезе Тијаго Алкантара.
Потегот, кој веројатно беше оправдан, наиде на многу критики. Фудбалските стручњаци се согласни дека Клоп можел измената да ја направи и во полувремето.
„Се прашувам дали вака требаше да го понижи фудбалерот, на три минути до крајот на полувремето. Веројатно ова е некаква казна“, рекол поранешниот играч и тренер на Реал, Хорхе Валдано.
„Тоа беше тактичка измена, една од работите кои не ми се допаѓаат во оваа работа. Кога ќе го направите тоа делува дека само еден играч е одговорен за играта во првиот дел. Кеита не беше одговорен за нашата лоша игра. Не играше добро, но во тој момент можев да направам уште неколку измени. Морав да го направам тоа, сега не сум среќен што раџговараме за таа измена. Ќе повторам тоа беше тактичка измена“, рекол по мечот менаџерот на Ливерпул.