Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, бил под голем стрес, поради што не можел да ужива во борбата за шампионската титула во Премиер лигата.
Ливерпул се лидери на табелата во Премиер лигата, имаат четири бода повеќе и натпревар помалку од Манчестер сити.
„Граѓаните“, синоќа киксираа во Њукасл и со поразот 2:1 му овозможија на Ливерпул да ја зголеми разликата доколку тимот на Клоп вечерва победи против Лестер.
„Не можам да уживам во ваква борба. Не е ова најголемиот стрес со кој можеме да се соочиме, но се е премногу напнато, секој меч е важен“, рекол Клоп.
„Фудбалот не е најзначајната работа во светот, но во некои моменти имам чувство дека тоа е така бидејќи не се занимавам со ништо друго. Не е лесно да се ужива, но ја сакам својата работа“.
Ливерпул последен пат биле шампиони на Англија пред 29 години.