Ливерпул со пораз во Неапол ја започнаа одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Наполи постигнаа два гола, а за менаџерот на „црвените“ спорен е пеналот во 82 минута, по кој Мертенс го отвори резултатот. Десет минути подоцна Љоренте ја казни индолентноста на целата дефанзивна линија на Ливерпул.
„Отворен натпревар со многу шанси. Верувам дека нашите шанси беа подобри, но проблем е кога не ги користите. Мораме да го прифатиме овој резултат“, рекол Клоп по мечот не заборавајќи на моментот кога неговиот сонародник Феликс Брих досуди пенал за Наполи.
„Немаше пенал. Калјехон скокна пред контактот, но тоа сега е готово, не можеме да смениме ништо“.
Ливерпул во наредната рунда ќе игра на домашен терен против Слацбург.