Top Sport

Клоп: Не треба да страдаме поради историјата, нема да има филм за оваа сезона

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим не треба да „страда“ поради историјата по многубројните критики за крајно разочарувачката сезона. По неубедливото 0:0 реми кај Кристал палас во саботата, Ливерпул се на седмото место во Премиерлигата на шест поени од топ 4 пласман.

Откако претходно Клоп успеа да им донесе нова титула од Лигата на шампионите и да ја кренат титулата од Премиерлигата по 30 години пауза, тој сега инсистира дека не треба да бидат под притисок поради тие резултати.

„Одиме понатаму. Видете, гледам во вашите очи и во очите на моите играчи – ова изгледа како пораз. Но, не беше. Не можеме да страдаме поради нашата историја, тоа би било смешно. Ова нема да биде сезона за која ќе зборуваат сите во историјата, нема да има големи филмови и такви работи, но мора да одиме понатаму. Ништо не се смени со овој меч. Можеме да гледаме на тоа на два чанини – не победивме, тоа е негативно, или имаме поен повеќе од претходн. Мислам дека тоа е позитивно“, изјави Клоп.

Scroll to Top