Top Sport

Клоп не успеа да победи против својот поранешен клуб (видео)

Борусија Дортмунд се врати за 3:1 победа над клубот на нивниот поранешен шеф Јирген Клоп, откако младиот Американец Кристијан Пулишиќ со два гола ги „потопи“ Ливерпул во меч од Интернационалниот куп ма шампиони (ИЦЦ) во Шарлот.

Ливерпул беше на чекор до победа по 1:0 водството во првото полувреме преку голот на Виргил ван Дајк, пред Дортмунд да бидат инспирирани од Пулишиќ и да стигнат до втора победа на ИЦЦ по таа од 1:0 над Манчестер сити.

Бидејќи новиот голман Алисон уште не беше на голот, Лорис Кариус ја бранеше мрежата на „црвените“ и за малку ќе примеше уште еден смешен гол, откако Максимилијан Филип упати удар од 40-тина метри.

Scroll to Top